Според многумина, таа е една од најубавите жени на светот. Сега објави видео на кое го покажа своето лице без шминка и ги разочара своите фанови.
Пејачката Никол Шерцингер покажа како се подготвила за наградите „WhatsOnStage“.
Во видеото кое го објави на Инстаграм, таа детално покажа како се шминка, избира фустан и модни додатоци.
Сепак, нејзините обожаватели беа изненадени од оваа снимка, а вниманието посебно им го привлече еден детаљ.
„Филерот во усните ти „избегал“. Ослободи се од него, не ти треба. Изгледаш убаво“, „Што не е во ред со нејзините усни“, „Ако сакаш да изгледаш помладо, ослободи се од тој филер во усните “, „Не ти треба тој филер во усни и ботокс на јаболчниците. И онака изгледате подобро без премногу шминка“, „Ги уништивте усните“, се само дел од коментарите.
Инаку, оваа 45-годишна пејачка посветува многу внимание на својот изглед, па редовно вежба и се храни здраво, што јасно се гледа по нејзиниот младешки изглед.