Јасно како ден е дека не може и не мора секој да те сака, особено кога си јавна личност.

Како нација делуваме како задоени со социјални мрежи, па навидум изгледа како да целото време е посветено на истите и на секого, чисто за празнење на вакви или онакви емотивно- ментални состојби.

Токму социјалните мрежи го дадоа правото за секој да се осмели да коментира и каже се, макар за тоа се разбирал или не, но и преку тој вируелен напад, да повреди, направи некого да се чувствува лошо, без резерва дека не сите сме силни да се носиме со истото, нели?

Младата пејачка Антониа Гиговска откако драстично ослабе и го смени имиџот, како да доби армија хертери кои како да едвај чекаат да објави нешто кое ним не им се допаѓа, па тогаш се случува сериозно силен атак.

Сепак, таа иако добро знае и очекува дека ќе биде нападната, си тера по свое, па новите фотографи со храбрите модни изгледи не ги изоставува во никој случај.

Така се случи и од последно издание каде на еден јавен настан се појави во црна тоалета со разголено торзо кое особено на припадничките на понежниот пол не им се допадна и се пуштија со остри коментари.

„Од многу слатка природна девојка се претвори во вамп жена, не сакам да давам вакви коментари, но на твојот моќен вокал не ти одговара вештачкиот изглед, сама се унаказуваш“,

„Што ти се случило девојче?„, „Што направи од себе, дете златно со ангелски глас и лик. Прости, но не личиш на себе, жално за младоста и личотијата што Господ ти ја даде“…

Ова беa само дел од критиките, дури и оние „поблагите“ зашто останатите се далеку од она што треба да се мултиплицира, особено медиумски.

Од јавните естрадни личности, особено дамите од новото модерно време не се очкува ништо помалку од она што е Антониа.

Промените и храбрите избори се дел од нивниот професионален живот, а мораат да се научат да се носат и со се’ она што попратно оди, токму како ваквите негативни бурни реакции од јавноста.