Љупчо Палевски – Палчо е уапсен во Турција, земја во која претседателот нема милост за убијците како него на деца. Потсетуваме на изјава од претседателот на Турција Таип Ердоган од 2014 година. Турскиот премиер (тогашен, сега претседател) Таип Ердоган рече дека оние кои убиле деца, всушност заслужуваат да добијат смртна казна.

„Наредив оние кои убиваат деца да се соочат со строги затворски казни дури и ако тоа не е погубување. Министерството за правда работи на ова прашање“, им рече Ердоган на новинарите на прашањето за неодамнешните убиства.

Говорејќи по неделната молитва, Ердоган рече дека тоа е сериозен проблем за Турција бидејќи ја укина смртната казна како дел од нејзината реформа за човекови права ориентирана кон ЕУ. „Но, тоа е процес што можеме да го замениме со отежнат доживотен затвор“.

Две години подоцна, во 2016 година, од функција на претседател Ердоган рече дека ќе одобри ако Парламентот повторно ја воведе смртната казна, но тоа може да го отежне членството на земјата во ЕУ.

Турскиот парламент ја укина смртната казна во мирнодопски услови во август 2002 година. Турција потпиша протокол на Европската конвенција со кој се укинува смртната казна во сите околности, вклучително и за време на војните во 2004 година. Смртната казна беше заменета со отежнат доживотен затвор.

Европските држави воведоа апсолутна забрана за смртна казна во Повелбата за основните права на Европската унија и Европската конвенција за човекови права на Советот на Европа кои ги дефинираат нејзините централни вредности.