Радојка Периќ, мајката на српскиот патријарх Порфириј, почина денеска во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, на 81-годишна возраст, соопшти СПЦ.

Светата Литургија ќе се служи во црквата „Вознесение“ во Чуруг во вторник на 18 април 2023 година во 9 часот, а опело во 12 часот.

– Вечен ти спомен, достојна за блаженство и вечен спомен, сестрo наша Радојка! – се наведува во соопштението на СПЦ.