На 63 годишна возраст почина Д-р Aлберто Бенедети.

„Со големо жалење ги известуваме нашите студенти, колеги, соработници, пријатели на Стоматолошкиот факултет во Скопје, дека на 28.01.2022 година, тивко и ненадејно не напушти и замина на своето последно патување Д-р Aлберто Бенедети, редовен професор на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет во Скопје, Катедра за максилофацијална хирургија.

Големите луѓе никогаш не умираат, засекогаш остануваат во срцата и драгите спомени.

Вашата добрина и ведар дух ќе остават вечен печат на времето поминато заедно, а Вашето име со светли букви засекогаш запишано во аналите на Стоматолошкиот факултет во Скопје .

Почитуван професоре, почивајте во мир и нека Ви е светол патот кон вечноста“, стои во фејсбук објавата на Стоматолошкиот факултет во Скопје.