Земјотрес со јачина од 4,3 степени според европската сеизмичка скала, го погоди југозападниот дел на Грција, поточно областа на Патра.

Земјотресот бил на 67 километри северозападно од Патра, на длабочина од 2 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Ова е најсилниот земјотрес кој беше регистиран денеска на територијата на Грција.

Се случија и неколку помали земјотреси во областа околу островот Кефалонија и островот Закинтос, како и неколку помали потреси на островот Крит.