Според радарските слики и движењето на нестабилната воздушна маса, се очекуваше Тетово и Тетовскиот регион да биде зафатен со невреме од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.

Освен Тетово, кое претходно е зафатено од невреме, нестабилно е во Охридскиот регион, Велешко и северозападниот дел од Скопската Котлина.

Невреме во моментов во Тетово

Од Е-112 добиена е пријава од вработен во ресторан Шари, Лисец (опш.Тетово) кој наведува оштетување на повеќе коли, од невремето, во паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.

Невремето е во моментов.