Несреќа се случила во Рековац кај Крагуевац кога во подрум на зграда било пронајдено телото на младиот човек М.Љ. (19) кој се качил на четврти кат од зграда и преку светларник паднал во подрум. Во таа прилика тој починал на лице место, дознава „Блиц“.
Како што неофицијално дознаваме, М.Љ. најверојатно бил под дејство на опојни дроги, а претходно бил со својата девојка во нејзината куќа и откако, како што се сомнева, без никаква причина ја удрил со тупаница по лицето, без облека истрчал од нејзината куќа и се упатил кон споменатата зграда, каде и загинал. Надлежното обвинителство нареди обдукција.
Како што неофицијално дознава Информер, М.Љ. е син на полицаец од Јагодина. Безживотното тело целосно голо го пронашол жител околу 6 часот и 30 минути во локва крв.
Младиот човек не давал знаци на живот и се претпоставува дека се качил на повисок кат и се самоубил. Жителите на зградата се многу вознемирени, а како што изјавија за Информер, таму често го гледале младиот човек, бидејќи бил во емотивна врска со малолетнata А.Л. којa наводно била бремена од него.
– Го видовме со неа. Нејзината куќа е во уличката до оваа зграда. Што се случило и зошто младиот човек го направил ова, кој знае. Жалосно, млад живот – неволно коментираат соседите и додаваат дека се шушка дека младиот човек конзумирал наркотици.
Во влезот на зградата се уште има локва крв, а полицијата веднаш извршила увид по пријавата на граѓанинот.
– Ова е мало и тивко место, речиси сите се познаваме. Зградата не беше заклучена. Соседката вели дека утрово околу 4 часот и 30 минути се вратила од забава и дека немало ништо, претпоставуваме дека младиот човек дошол подоцна и скокнал – додаваат станарите.