Телото на жената М.Р.(69) е пронајдено утрово околу 7:15 часот во семејната куќа во Србобран кај Војводина, откако била убиена од синот М.Р.
Како што е познато, тој утрово збунет излегол од куќата и ги прашал соседите кому да се обрати, велејќи дека мајка му починала.
Била повикана брза помош, а кога било констатирано дека жената не дава знаци на живот, но има и бројни повреди по главата и телото и дека се работи за сомнителна смрт, била алармирана полиција.
На овој начин било откриено дека жената не умрела од природна смрт, туку дека се работи за убиство.
Како што рекоа соседите, мајката и синот нкој има околу 35 години живееле во две куќи кои се во ист двор. Според нив, синот и претходно бил насилен кон мајка си и ја малтретирал.
Двапати бил апсен за насилство, а неодамна бил пуштен од затвор каде одлежал за семејно насилство.
Соседите велат и дека осомничениот за убиството пред неколку дена ја претепал мајка си и дека таа побегнала од него во куќата на соседот.
Синот бил уапсен и излегол од куќата со полицијата, по што влегол во службено возило. Покрај синот, убоената М.Р има и три ќерки од првиот брак.
На местото на настанот се уште е во тек истрага.