66-годишниот Чедомир Дамјановски почина синоќа, објави телевизија Телма.

Дамјановски во моментот беше вработен како помошник раководител на сектор-работни тела, една од службите во Собранието. На први јули оваа година Дамјановски требаше да се пензионира во Парламентот каде беше меѓу омилените колеги на службениците.

Дамјановски, дел од својата работна кариера помина како член на Комисијата за верификација на факти, позната и како Лустрациска комисија. Тој беше член на првиот состав на комисијата до 2014-та година и во јавноста беше познат како критичар на дел од одлуките за лустрирање за кои сметаше дека имаат политички карактер на реваншизам, а не служат за помирување во општетсвото.

Иако се кандидираше и за втор мандат, Собранието не го избра и и во 2014-та, Дамјановски се врати на служба повторно во Собранието.