Кошаркарскиот свет тагува – Дејан Милојевиќ почина на 47-годишна возраст од последици од срцев удар, а сега неговиот син Никола се прости од легендарниот српски кошаркар и тренер.
Дејан Милојевиќ имаше неверојатна кариера и како играч и како тренер. Професионално почна да се занимава со кошарка во белградски Беовук, а потоа се пресели во ФМП. Во тимот од Железник остана две години. Во Будуќност помина четири години (2000 – 2004), потоа на ред дојде Партизан, а подоцна играше за Валенсија и Галатасарај.
Деки беше познат и како играч и како тренер, а сите го паметат како ведар, позитивен и насмеан. Од Милојевиќ се простуваат луѓе од кошаркарскиот свет, но и воопшто од спортскиот свет, а сега се огласи и неговото семејство, поточно синот Никола.
Никола Милојевиќ се прости од својот татко преку социјалната мрежа Инстаграм.
Тој ја објави нивната црно-бела слика на стори и напиша:
– Ми беше сѐ.