На молдавскиот аеродром во Кишињев дошло до пукање во кое загинале најмалку две лица.
Напаѓачот се забарикадирал пред апсењето, а аеродромот бил евакуиран. Како што е прецизирано во Министерството за внатрешни работи, во нападот загинале две лица. Се испоставило дека биле дежурните полицајци.
„Властите потврдија присуство на две жртви. Во тој момент на местото на настанот пристигнала Специјалната бригада на полицијата“, соопштија од полицијата.
Молдавскиот премиер Дорин Речијан рече дека пукањето го организирал државјанин на Таџикистан откако му бил забранет влез во земјата.
Подоцна полицијата го приведе насилникот, тој е повреден, а лекарите му ја пружаат неопходната лекарска помош. Обвинителството поведе кривична постапка за нападот.