Млад човек од Германија исчезнал од својот дом во Баварија кога имал само 15 години. Немилиот настан се случил во 2017 година, а сега, седум години по неговото исчезнување, се појавил.

Каде бил и што правел сите тие години останува мистерија, пишуваат германските медиуми.

Гледајќи наназад, тогашниот тинејџер го контактирал своето семејство и рекол дека оди на стажирање. Сепак, истрагите открија дека тој сакал да посети некој познаник кој игра онлајн игри. Семејството му рекло да се врати дома, па дури и му испратило билет за воз – но тој никогаш не се вратил, пишува Т-онлајн.

По неговото исчезнување, полицијата започнала потрага, во 2019 година неговата фотографија била објавена во медиумите, а случајот бил пријавен и на телевизија. Но и по емисијата ‘Aktenzeichen XY’ не се појавија корисни информации за него. Полицијата дури се сомневаше дека тој е убиен.

Деновиве се случи изненадувачки пресврт на настаните

Младиот човек стапил во контакт со семејството.

„Полицијата и официјално ја прекина потрагата по Тил Р.“, соопшти полицијата, пренесува fenix-magazin.de.

Заднината на неговото исчезнување сè уште не е позната – во соопштението на полицијата само се наведува дека нема ништо криминално.

Таткото на младиот човек за германската телевизија RTL изјавил дека неговиот син е добро.

„Одлична вест е што мојот син се врати. Добро му оди и пресреќни сме што реши да си дојде дома. Неговите браќа отишле да го земат. Живеел во голем германски град и работел разни работи“, вели неговиот татко.