Д-р Слободан Дуњиќ, експерт за интегративна медицина, неодамна сподели важни информации за витаминот Д, истакнувајќи ги најчестите грешки во врска со него. Тој, исто така, предупреди на потенцијално опасна навика што ја имаат многумина – складирање работи под креветот, за што рече дека е слично на „спиење на рендген апарат“.

Додека спиеме околу осум часа дневно, важно е не само да се обезбеди удобност на креветот, туку и да се грижиме за материјалите што не опкружуваат за да избегнеме потенцијални штетни ефекти, вели докторот.

– Чување на вакумирана облека во пластични кеси под креветот, кои често се направени од нафта, може да се спореди со спиење на рендген апарат. Наместо пластика, под креветот треба да има само прашина, бидејќи тоа е областа каде поминуваме најмногу време. Важно е да се намали присуството на материјали кои можат да ни наштетат – истакна д-р Дуњиќ.

Поевтино е подобро

Кога станува збор за изборот на душек и постелнина, тој го дели мислењето на неговиот колега гастроентеролог проф. Д-р Воислав Перишиќ – поевтино е подобро. Д-р Перишиќ нагласи дека е подобро да се изберат евтини витамини во аптека отколку да се трошат пари на скапи суплементи кои често нудат комбинации на витамини и минерали.

– Правилото „најевтино е најдобро“ се применува и при изборот на душек, витамини и минерали – заклучи д-р Дуњиќ, нагласувајќи ја важноста од паметно избирање на материјалите што не опкружуваат, особено во просторот на спалната соба.

Што е интегративна медицина?

Интегративната медицина е комбинација од класичната медицинска наука и комплементарната медицина и подразбира холистички пристап кон човечкиот организам кој ги комбинира методите на класичната и традиционалната медицина, давајќи им можност на терапевтите да ги комбинираат двете области на медицината.

Медицината, без оглед на нејзината област, секогаш мора да се заснова на добри научни методи и докази.