Бизарен настан снимен во јавниот транспортен систем на Богота на 1 февруари, во близина на авенијата Каракас.

На објавената снимка се гледа како луѓето очајнички се обидуваат да го спасат човекот чија глава била заглавена меѓу возот и рампата.

ТрансМиленио известува дека жртвата бил уличен продавач кој ја испуштил својата роба додека се качувал во возот, а потоа се обидел да ја земе, кога му се заглавила главата на незгодно место.

На помош му пришле полицајци и другите патници, а идентитетот на несреќниот маж и неговата состојба засега не се познати, јавува Лакале Блу радио.

Заедно успеале да создадат доволно простор за мажот да ја извади главата.

View this post on Instagram

A post shared by AsoRedColombia (@asoredcolombia)

ТрансМиленио превезува околу два милиони луѓе дневно, а меѓу нив има и продавачи, кои ја нудат својата роба во возовите.