Семејството на Ива Балог (27) упати апел до жителите на Нови Сад да им се придружат во потрагата по нивната сакана и да се обратат кај нив или во полиција. Исто така, ги повика и момците кои последен пат ја виделе и наводно разговарале со неа после капење во Дунав на Офицерската плажа во Петроварадин, каде последен пат била видена околу 4 часот наутро, да помогнат во потрагата.
Како што изјави за „Блиц“ сестрата на Ива, Мартина, пред два дена Ива се вратила од брод за крстарење (крузер) на кој работела долго време и оваа забава била само вистинската прилика да се види со другарките и да се дружи со нив и убаво да се забавува.
СЕДЕЛА СО ПРИЈАТЕЛКА ПРЕД ДА ИСЛЕЗНЕ – Слушнавме дека седела во водата на плажа со својата пријателка. Нејзината пријателка за момент ја оставила, а оттогаш Ива ја нема. Наводно, четворица момци ја виделе како плива и таа излегла од водата. Разговарале со неа и таа се упатила кон музиката, односно кон местото каде се одржувала забавата. Ја опишаа детално, па ги замолуваме тие четворица да ни се јават на 069/733-473 или да повикаат полиција на 192 – вели Мартина, сестрата на Ива.
Полицијата и нуркачите на Жандармеријата го пребарале теренот, а семејството, роднините и пријателите исто така почнале да бараат.
– Не знаеме што да правиме. Се надеваме дека некако стигнала до градот, но не знаеме каде е. Поради непристапниот терен со чамци го баравме десниот брег на Дунав, а пешки ползевме низ гранките и грмушките колку што можевме додека не стигнавме до Сремски Карловац, но не ја најдовме. Ги замолуваме сите расположени што поскоро да дојдат и да ни помогнат во потрагата по Ива – изјави сестрата Мартина.
Таа ги замолила и сите кои синоќа биле на забавата да се обратат до семејството или полицијата за да се реши мистеријата за исчезнувањето на Ива бидејќи, како што велат, невозможно е никој да не ја видел својата Ива дури и да била во водата и да се капела.
ВИДЕНА НА КАМЕРИ ВО ГРАДОТ?! – На Ива и се изгубени сите траги, а Мартина вели дека по објавувањето на нејзиното исчезнување се јавил еден дечко и рекол дека ја видел на улицата Партизанска како оди на сред пат.
– Синоќа имаше голема забава на Офицерска и Ива седела во вода со својата пријателка. Нејзината пријателка ја оставила за момент и оттогаш и се губи секаква трага. Нуркачи од жандармеријата го пребаруваат теренот, а по нашата објава на социјалните мрежи за исчезнувањето на Ива, во полиција се јавил еден дечко кој тврдел дека ја видел на улицата Партизанска како се шета среде пат – раскажува сестрата на исчезнатата Ива.
Како што вели, полицијата почнала да ги прегледува безбедносните камери во тој дел од градот и видео надзорот на околните фирми.
– Отидовме да провериме видео од продавница, но не беше таа, сепак, момчето се уште тврди дека ја видел. Не знаеме што да правиме. Се надеваме дека навистина некако стигнала до градот, но не знаеме каде е. Затоа бараме и новосаѓани да ни се придружат во потрагата – вели шокирана за „Блиц“ сестрата на Ива.
Да потсетиме, нуркачи од Жандармеријата од утринава го пребаруваат теренот со полицијата и со чамци го „чешлаат“ брегот на реката, но засега нема резултати.