Шефот на словенечкиот Институт за јавно здравје, Милан Крек, вчера, на прес-конференција предупреди дека новите варијанти на вирусот се раширени во целиот свет и дека делта-варијантата предизвикува најголема загриженост.
„Луѓето треба да бидат многу внимателни кога планираат патувања. Нека го следат текот на епидемијата, кој многу бргу се менува“, рече тој.
Според него, четвртиот бран е веќе почнат, пренесе порталот 24ur.
„На сите што сè уште планираат да патуваат на одмор во странство им препорачувам да се вратат најдоцна до 15 август и по враќањето, да заминат во самоизолација и да не контактираат со своите роднини“, рече Крек.