Основачот на „Дневњак“ и јутјубер Даниел Ѓукиќ, кој утрово се забарикадираше во стан во Нови Сад, одвреме-навреме се појавува на терасата од неговиот дом, а улицата каде што се одвива драмата е блокирана со часови, јавуваат српските медиуми.

Улицата Цар Душан е затворена веќе неколку часа, а Ѓукиќ се уште се заканува дека ќе скокне од терасата. Засега не се познати мотивите поради кои се одлучиле на овој чекор.

Инаку, тој снима се што се случува пред неговиот стан. Тој ја снимал и полицијата како тропа на неговата врата. Истовремено им дофрла на пожарникарите од терасата, пее и им вели „што стоите тука кога нема ниту оган, ниту пожар“.

Сите можни служби се на терен – полиција, брза помош, пожарникари. На лице место се и преговарачи, пренесува Нова.рс.

Инаку, Даниел Ѓукиќ Дулувра е познат како еден од основачите на хумористичната серија „Дневњак“.