Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа минатата недела во задарската болница почина 51-годишна докторка од Сплит. Хрватското здружение за унапредување на правата на пациентите соопшти дека се работи за прим. д-р. Весна Павлов, доктор на Одделот за неонатологија во КБЦ Сплит. Потврда добивме и од Дирекцијата на КБЦ Сплит, каде сите тагуваат по својата омилена колешка.
Неа ја оплакуваат и нејзините пациенти, пред се родителите на нејзините мали пациенти од Неонатологија.
– Се простуваме од онаа која беше најубав пример за медицина! Почивај во мир драга Весна Павлов – напишаа на Фејсбук страницата на Здружението за унапредување на правата на пациентите.
д-р. Весна Павлов потекнува од познато медицинско семејство од Сплит… Да потсетиме, сообраќајната несреќа која резултираше со смрт на д-р Весна Павлов се случи во средата, на 8 мај, околу 16 часот и 45 минути на делницата од државниот пат Бабиндуб – Земуник.
Според резултатите од истрагата, сообраќајната незгода се случила кога 55-годишен возач управувајќи камион со приколка со сплитски регистерски таблички, движејќи се во правец на Земуник, налетал на приватно возило со сплитски регистарски таблички кое се движело пред него во истата сообраќајна лента. Од силината на ударот, патничкото возило се одбило, по што се завртило, а потоа удрило во заштитната ограда, додека камионот продолжил да се движи додека не удрил во заштитната ограда на левата лента.
На несреќната возачка на патничкиот автомобил и била укажана лекарска помош во задарската општа болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. За жал, четири дена подоцна, во неделата, д-р Весна Павлов им подлегна на повредите.
Камионџијата од Сплит кривично ќе одговара за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.