Најмладата натпреварувачка во оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ , Ива Јокановиќ (18), блесна во финалната вечер каде што го покажа целиот свој сјај.
Ива се потруди во сценскиот настап, кој за момент наликуваше на дел од музички спот, а во романтична атмосфера, на маса полна со цвеќе и свеќи, Ива го испушти гласот и го разбуди целото студио.
На сцената ја придружуваа двајца танчери кои го завршија настапот, а во моментот кога еден од нив ја донесе на средина од сцената, сите останаа без зборови.
Имено, Ива се појави во прекрасна бела тоалета до подот, со деколте кое повеќе откриваше отколку што криеше, а кројот на фустанот го истакнуваше нејзиното совршено извајано тело. Натпреварувачката зрачеше со елеганција и префинетост, исто како и досега.