Полицијата ги совладала додека се обидувале да избегаат.
Со пиштол и лажна експлозивна направа двајцата разбојници вчера успшеале да одземат околу 10.000 евра од вработени во продажен објект на градскиот стадион во Скопје.
Но, крадците немале среќа во грабежот. На излегување од продавницата биле пресретнати од тројца припадници на Единицата за интервентна полиција. Разбојниците се обиделе да бегаат, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух и набргу успеале да ги совладаат и уапсат.
Синоќа во тој период околу 20.30 минути за време на разбојништвото во продажниот салон за бела техника освен вработени имало и повеќе протрошувачи за Блек фрајдеј.
„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и тим на Единицата за брзо распоредување синоќа лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје. На 29.11.2024 околу 20:30 часот полициски службеници од ЕИП постапија по претходна пријава за кривично дело “разбојништво”, кое во моментот се вршело во продажен објект во градскиот парк во Скопје.
Во моментот на пристигнување на полициските службеници, сторителите се затекнати како излегуваат од маркетот, со огнено оружје во рацете, а од страна на полициските службеници им биле издадени наредби да застанат и да го фрлат оружјето, но разбојниците се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели и ги стигнале и совладале сторителите“, извести МВР.
Министерот Тошковски најави дека парично ќе бидат наградени припадниците на интервентната полиција кои успеале да ги совладаат и уапсат двајцата разбојници.