– Манчестер сити ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата која трае седум натпревари. Избраниците на Пеп Гвардиола денеска го совладаа Вотфорд со 5:1 во 34. коло.

Последен пат „граѓаните“ загубија во Премиер лигата на 19 февруари од Тотенхем. Оттогаш имаат пет победи и два нерешени натпревара.

Во следното премиерлигашко коло, Манчестер сити ќе се сретне со Лидс на 30 април.

По 33 одиграни кола Манчестер сити е лидер на табелата со 80 бода, Ливерпул е втор со 76 бода и натпревар помалку, трет е Челзи со 62 бода од 31 натпревар, Арсенал има 60,…