Дали има канти и контејнери во Сутоморe?
Сцената од плажата во Сутоморе ги налути и црногорските домаќини и туристите, а нова која стигна до мрежите покажува дека состојбата не е подобра ниту на улиците.
„Во Сутоморе преку ден луѓето најмногу се жалат на нечистиот воздух поради ѓубрето кое останува дури и цел ден“, се наведува заедно со видеото на кое се гледаат вреќи со ѓубре висат на оградите по целата должина на улицата.