Според српските медиуми, музичарот и член на жирито во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ Ѓорѓе Давид, наводно и се нафрлил на учесничката на „Ѕвездите на Гранд“ Мирјана Поповиќ, која се пријавила на натпреварот преку онлајн конкурс, но не поминала понатаму во натпреварувањето.

Мирјана вчера до српските медиуми ја доставила наводната преписка со Ѓорѓе. Нивната наводна комуникација ја пренесуваме во целост.

– Спиј убаво, те љубам, биди добра, ќе продолжиме да си пишуваме, океј, немој да се нервираш, кул – наводно рекол пејачот во гласовната порака што ја упатил.

Според српски Курир, музичарот на Мирјана и испратил фотографија на која седи на креветот, со крпа завиткана околу половината.

– Што ми го праќаш бре ова?, го прашала таа.

„Испрати ми и ти нешто“, побарал Ѓорѓе Давид наводно во преписката.

„Па, не сум ретард да ти испратам“, напишала таа. Тој испратил и фотографија на која со усните испраќа бакнеж и напишал дека тоа е бакнеж за неа, поради што таа бурно реагирала.

– Бегај бре, како не ти е срам? Можеш да ми бидеш дедо! Мене ми е фасцинантно колку си плиткоумен. Прво ми нудиш некои часови за 250 евра. Ако веќе одам на часови, за тие пари одам кај некој што навистина ќе ме научи нешто, а не кај тебе што немаш поим. Тебе ти требаат часови. Срамота.

Според споменатиот портал, Ѓорѓе не го очекувал овој одговор.

– Внимавајте како зборуваш со мене – наводно се заканувал пејачот. Поповиќ во својата изјава детално изјавила:

– Тој ме контактираше преку Инстаграм. Разговаравме за натпреварот, музиката, ми го даде својот број. Го прашав за часови по пеење. Набрзо ми испрати фотографии, снимки, каде е и што прави. Не ме интересираше. Тој бараше да му испратам мои фотографии, но јас грубо одбив! Видов дека неговото однесување стана многу грубо, бидејќи мислеше дека е многу битен и важен. Постојано ми испраќаше фотографии, несоодветни пораки, видеа и гласовни пораки. Не ни разбрав што сака?! Бурно реагирав. Му реков дека не ме интересираат такви работи, дедо ми може да ми биде. Ако веќе го интересираат „џиџи-миџи“ нека бара жени над 50 и плус, па нека им се јавува и нека праќа глупости, а не на нас децата, рече таа.

Ѓорѓе Давид вели дека оваа афера е „намештаљка“.

– Нема да коментирам вакви измислени глупости со цел да ми нанесат штета од непозната причина, се гледаме на суд – изјави тој за српски „Курир“.