Манекенката Џој Кориган е позната по провокативните, секси изданија, а не избегнува да ги носи во најразлични пригоди – од црвениот тепих, преку лудите забави, па се до едноставното излегување до маркет. Таа неодамна се истакна на Неделата на костими за капење во Мајами – ревиите ги следеше од првиот ред во прилично оскудна, смела комбинација.
Оваа 28-годишна девојка на јавноста и е најпозната како модел на брендот „Викторија сикрет“, но и поранешен модел на Плејбој, а со задоволство ги покажува своите атрибути и фигура. Нејзиниот моден стил е под знак прашалник, иако Џој може лесно да ги носи повеќето комбинации поради нејзината висока и витка линија. Таа, сепак, инсистира тоа секогаш да биде провокативно, а во тој напор прави и модни грешки.
Кориган се појави на споменатиот настан во долг сив фустан со длабоко деколте и огромни шлицови од двете страни, откривајќи ги нејзините долги, извајани нозе. Џој очигледно сакала да ја следи темата на ревијата, па избрала модел на фустан на плажа, а го усогласила со уште еден практичен додаток за пливање и сончање – широка лента за глава со впечатлив принт. Аутфитот го комплетираше со сребрени сандали со платформа, кои секако не беа најсреќното решение.
Таа реши да ја зачини целата комбинација со тоа што очигледно не облече гаќички под оваа креација, а тоа јасно го покажа во позите додека фотографите ревносно го снимаа нејзиното заводливо позирање. Што мислите – дали Џој претерала?