Полицијата поднесе кривична пријава против 68-годишниот И.С. од селото Нераште, Тетовско и 39-годишната Е.А.Н. од Слатино, Тетовско, поради измама.
„Тетовецот запознал маж со жената, која лажно му се претставила и го довела во заблуда дека ќе се венчаат“, објави МВР.
Тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит, но свадба немало, а случајот сега е во рацете на надлежните органи.