Свештеникот од Струмица, Боро Милчев кој бил расчинет од Македонската православна црква преку Струмичката епархија во 2021 година, крштевал и венчавал со наводен „благослов“ од архиепископот г.г. Стефан во регионот на Пјаченца, каде што живеат илјадници македонски иселеници. Оваа вест стана вирална и во Србија, каде медумите „наголемо“ пишуваат за Милчев.
МПЦ уште еднаш ја објави одлуката и решението за расчинување на Милчев потенцирајќи дека се што направил тој во меѓувреме нема легитимност од Црквата односно децата што ги крстел остануваат некрстени, а венчаните остануваат невенчани.
Расчинетиот свештеник Боро Милчев не смее да служи никаде оти нема легитимност од МПЦ – ОА
Струмичката епархија го повика верниците независно каде и да се да не веруваат во лагите на расчинетиот расчинетиот свештеник Боро Милчев. Тој последниов период служел меѓу верниците во Пјаченца во Италија велејќи им дека е расчинет само од Струмичката епархија, но дека служи со „благослов“ на самиот Архиепископ.
“Со оглед на тоа дека многу од верните чеда од нашата епархија живеат и работат во Р. Италија, во Пјаченца, и кои особено ова лето нѐ известуваа дека се изманипулирани од расчинетиот свештеник Боро Милчев, потребно е уште еднаш да ја кажеме вистината и да ги разобличиме лагите со коишто овој човек, за жал отпаднат од Црквата, го манипулира верниот народ. Како што е познато Епархискиот Црковен суд на 19.05.2021 година донесе одлука за негово расчинување, којашто на 23.09.2021 година беше потврдена и од Архиепископскиот црковен суд, и најпосле беше потврдена и потпишана и од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Накратко кажано, што значи ова!? Значи дека сѐ што прави овој човек нема легитимност од Црквата, од Светиот Дух Господ, Кој ја оживотворува и устројува Црквата. Кутрите деца што се „крстени“ од него остануват некрстени, венчаните остануваат невенчани, осветените домови се попрво осквернети отколку осветени, и тоа не само за МПЦ – ОА, туку и за сите останати помесни православни Цркви, несреќниот статус на овој човек е ист, бидејќи Црквата е една“, соопштија од Македонската православна црква,, стои во соопштението на струмичката епархија.
Струмичката епархија повика излажаните верници да го контактираат единствениот канонски свештеник на МПЦ – ОА во Пјаченца, отец Климент Мишањ, или пак, во епархиите на МПЦ – ОА во Македонија од каде што потекнуваат, да се крстат и венчаат во Православната Црква, а оние што му помагале на свештеникот о соодветниот допис од Европската православна епархија на МПЦ – ОА, во нашата Црква ќе бидат третирани исто како и расчинетиот Боро Милчев.