Пејачката Тања Савиќ не престанува да шокира со своето однесување. Имено, таа неодамна ненадејно ја напушти емисијата „Амиџи шоу“ додека гостуваше во студио со Јована Јеремиќ, а сега истото го повтори и во емисијата „Максимум опуштено“ и го остави водителот без текст.
На Твитер се појави видео од најавата за шоуто, на кое очигледно пејачката Тања Савиќ во еден момент ќе реши само да стане и да го напушти студиото.
– Од небо, па во ребра, така да Стевице „Good bye“ – вели Тања додека се подготвува да го напушти шоуто.
Водителот бил видно избезумен во моментот кога видел дека ситуацијата излегува од контрола и ѝ рекол:
– Тања, се шегував – додека таа мавтала со раката како да не ѝ е грижа што ѝ рече.
— Mutav Plovak (@mutav__plovak) March 19, 2022
Да потсетиме, пејачката имаше слична ситуација неодамна кога водителот Огњен Амиџиќ ја сними празничната емисија „Амиџи шоу“ во која гости беа: Јована Јеремиќ, Ивица Дачиќ, Тања Савиќ и Бранимир Несторовиќ, а по половина час следеше непријатна ситуација.
Имено, пејачката Тања Савиќ половина час по почетокот на снимањето го напушти шоуто и си замина без збор.
Тања го напушти студиото поради Јована Јеремиќ, бидејќи нивното нетрпение трае од денот кога Јована во утринската програма откри дека пејачката е во врска со Драшко Станивуковиќ.
Да потсетиме, водителката Јована Јеремиќ беше таа која во јавноста откри дека пејачката Тања Савиќ и Драшко Станивуковиќ се во врска.