Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска при своето присуство во Кавадарци по повод одбележување на големиот празник Св.Трифун упати низа навреди кон владиката Агатангел по неговите политички изјави.

Според Милевски, владиката Агатангел е штетник и срам за Црквата.

„Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Мислам дека е срам за мантијата која што ја носи, и повеќе и прави срам на Црквата отколку што си прави срам за себеси бидејќи да беше свесен што зборува, немаше да го каже тоа. Како што црвите и мувите се штетници за лозарите, така и господинот Агатангел, ако може да го наречам господин, е срам и штетник за народот и граѓаните и сметам дека од МПЦ треба да се свесни кој е во нивните редови и кого испраќаат на вакви настани“, посочи Милевски.

Инаку, според Милевски, владината Агатангел го напаѓал поголемото христијанско население и го величел лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.