Познатиот тореадор Хуан Ортега се обврзал да ги плати сите трошоци од 90.000 евра. Неутешната и уништена невеста, по професија кардиолог, решила на меден месец без младоженецот.

Андалузија е шокирана од одлуката на 33-годишниот тореадор Хуан Ортега да го поништи бракот со својата 31-годишна партнерка кардиолог Кармен Оте, само 30 минути пред церемонијата. Свадбата беше планирана за сабота на 2 декември во црква во градот Херез со 500 гости од кремот на андалузиската аристократија.

Според шпанските медиуми, свадбата на познатиот тореадор со партнерката со која беше во врска 7 години требаше да биде свадба на годината во Андалузија. Но, ненадејно и само половина час пред свадбената церемонија и додека невестата ја облекла венчаницата и се подготвувала да замине во црква, телефонски ѝ се јавил Ортега, кој ја објавил својата неотповиклива одлука да ја откаже венчавката.

Одлуката на тореадорот да се откаже од бракот со младата девојка стана прва вест во шпанските медиуми кои ја бараат причината што го навела Ортега до откажување, па дури во пресрет на венчавката парот имал забава со роднините и пријателите до зори, Како што пишува шпанскиот печат, повикувајќи се на извори блиски до идната невеста, Кармен се расплакала и колабирала откако слушнала дека нејзината венчавка е откажана.

Веднаш по неговата одлука, Ортега се упатил кон Севиља во куќата што ја делеше со сега вече поранешната партнерка, очигледно за да си ги спакува работите, а потоа заминал за Гвадалахара, каде што неговите родители имаат живеалиште. Што се однесува до вознемирената невеста, иако на почетокот се повлекла во домот на нејзините родители во Херез, таа решила со сестра ѝ и некои пријатели да го направи однапред планираниот и однапред платен меден месец во Аргентина. Целта на поранешната двојка е да побегне од центарот на вниманието и од папараците, кои избезумено трагаат по Ортега и напуштената невеста за изјава.

Ортега се обврза да ги плати сите трошоци за венчавката

По неговата ненадејна и неочекувана одлука да ја прекине венчавката, Ортега си ги платил сите трошоци за церемонија од 90.000 евра. Според шпанскиот магазин Lecturas, на венчавката биле поканети 500 луѓе, сите членови на „високото општество“ на Андалузија. По церемонијата бил планиран прием со жива музика, додека во трошоците биле и украсувањето на црквата, како и фустанот на невестата.

Магазинот наведува дека иако Ортега е познат во Шпанија, неговата финансиска заработка не го прави милионер и според извори блиски до тореадорот, тој одлучил да продаде една од своите наметки за да ја плати свадбата која не се одржала.

Всушност, тој веќе ги вратил сите подароци што ги добил бидејќи сè што сака е да го остави инцидентот зад себе и да продолжи со својот живот и кариера.