Грди, неспособни, инвалиди… со вакви погрдни зборови со месеци им се обраќала наставничка по математика на деца во основното училиште “Љубен Лапе” во скопски Аеродром, сведочат дел од родителите..
Освен со вербални навреди, наставничката често и физички ги малтретирала, терајќи ги да стојат на цел час.
Тие пред нашата камера велат дека иако децата веќе подолго време се жртви на емоционална и психолошкатортурадосега се уште нема никаква реакција од надлежните ниту пак наставничката е отстранета.
-Мојот син е јавно повикан пред целиот клас од страна на наставничката која му се заканува дека од сега со него ќе биде построга и за него ќе нема никаква правда. Повторно го прозвала моето дете и го повикала да излезе на табла. Пред целото одделение му кажала дека ќе стои целиот час на табла, на тоа следел говор и распрашување како и зошто се жалел од нејзе а во тој момент влегуваат психолог и педагог кои се сведоци на недоличниот пристап кон моето дете. – Александра Пероска – родител.
-Прекршени се сите правилници и професионални стандарди за етички наставнички кодекс но за жал сожалувањето и колегијалноста се става пред интересот на децата и квалитетот на наставата,-Лазар Ѓуров- потпретседател на Совет на родители.
Наставничката е вработена во училиштето повеќе од 10 години а во минатото исто така имало жалби за начинот на кој таа ја спроведува наставата вели директорката на училиштето Марјана Панчевска која дополнително вели, по првичните пријави на родителите веднаш е формирана дисциплинска комисија која ќе одлучува за тоа кои ќе бидат следните чекори.
-Да се утврди одговорност и нели да видиме какви мерки понатаму ќе се преземат. Значи тоа го работи во моментот дисциплинската комисија. Од страна на училиштето во интерес на учениците се е досега преземено, понатаму ќе видиме какви одлуки ќе се донесат врз основа на искажувањата на дисциплинската комисија.- Марјана Панчевска – Директор на ООУ Љубен Лапе.
Веднаш по ова, директорката ескпресно поднесе оставка, а градоначалникот на О. Аеродром Тимчо Муцунски за Канал 5 вели дека до крајот на денот ќе биде назначен нов в.д директор чиј врвен приоритет ќе биде токму решавањето на овој проблем.
Во знак на револт, учениците од повеќе класа на кои им предава наставничката денеска ја бојкотираа наставата, а родителите се заканија дека бојкотот ќе продолжи се до моментот додека таа не биде отстранета од работната позиција во училиштето.