Претседателот на движењето Беса Билал Касами синоќа за време на потпишувањето на декларацијата со коалицијата пред присутните се обрати со територијални претензии.

„Почитувани пратеници, градоначалници, честит 28-ми ноември. Нема како да биде поинаку, освен како пред 111 години во Валона. Денеска тука во Тетово да се обединиме, Косово, Македонија и Прешевската долина, за да ја направиме и втората албанска држава, после Косово, зошто да не и Македонија“, рече Касами пред присутните веднаш штом се појави на говорницата.

Ова е уште една изјава во низата периодов која поттикнува национализам во земјава. Ова не е ништо ново штом следуваат избори. До сега никој од политичарите не одговарал за ваквите изјави со кои се загрозува територијалниот интегритет на Макеоднија.