Два дена по ужасниот масакр во Градачац, кој го потресе целиот регион, се појавија нови информации за монструмот Нермин Сулејмановиќ кој ја усмрти невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, како и уште две лица.

Како што објавуваат попладнево босанските медиуми, Обвинителството на кантонот Тузла ги проверува наводите дали полициската службеничка Џенана Селиовиќ му ја открила локацијата на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ за тоа каде се наоѓа Низама Хеќимовиќ.

Низама Хеќимовиќ го пријавила Нермин Сулејмановиќ за насилство, а потоа го напуштила и се сокрила кај тетка ѝ. Кога Нермин Сулејмановиќ ја открил нејзината локација, отишол кај неа, насилно ја зел со детето и ја однел во викендицата, каде ја убил.

Низама се сокрила од насилникот кај тетка си Зијада, но убиецот ја нашол и ѝ пресудил. Зијада Вуковиќ Памуковиќ, тетка на убиената, за Блиц вели дека Низама била со нејзиното дете седум дена пред да ја најде убиецот.

– Седум дена беше со мене, осмиот ден некој ја издаде локацијата, осмиот ден дозна каде се крие – рекла жената која тврди дека само полицијата го знаела местото каде што се крие Низама.

Како што неофицијално дознава босанскиот портла Црна Хроника, полицајката Џенана наводно била во врска со Сулејмановиќ.

Семејството на Низама ја означило Џенана како крт кој ја открил локацијата на несреќната жена, пишува порталот „Црна хроника“.