Младo момче (23) од Крагуевац се удави синоќа во реката Дрина во близина на селото Црна Бара, кај викенд населбата Васин сиб, објавија српските медиуми.

Според Телеграф.рс, очевидци наведуваат дека несреќниот млад човек се движел покрај реката и одеднаш паднал во длабочините.

– Во тој момент на брегот имаше голем број луѓе, кои ги фати паника, а некои од нив скокнаа во водата обидувајќи се да го спасат момчето, пишува порталот.

По повеќе од еден час пребарување на коритото, членовите на Нуркачкиот клуб од Сремска Митровица го пронашле телото недалеку од местото каде што се удавило момчето.