Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала утрово околу шест часот е регистриран во близина на хрватскиот град Дубровник.

Според информациите добиени од ЕМСЦ, јачината на земјотресот бил точно 4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Јадранското Море, на седум километри источно-југоисточно од Дубровник, на длабочина од 1,9 километри. Истиот земјотрес беше почувствуван и во Босна и Херцеговина кај Требиње.

Интензитетот на земјотресот во епицентарот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), изнесувал пет степени.

Како што пишуваат сведоците на веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил краток, но силен.

„Беше кратко, силно и застрашувачко“.

„Се осети нагло и се се тресеше.

“Силен и краток, но скокнав од кревет. Една секунда!”

„Неколку секунди, но добро се тресеше!“

Земјотресот, како што пренесуваат медиумите во БиХ, бил на 20 километри југозападно од Требиње. Се уште нема информации за евентуална штета или повредени лица.