За време на новогодишното дежурство пред две години ни донесоа скопјанец кој, замислете, изел цело прасе, зашто „било многу вкусно“! Пациентот се виткаше од силни болки, изјави на 30.12.2011 година д-р Андон Чибишев за весникот Дневник.

– Редовно имаме пациенти со симптоми на труење за време на новогодишната ноќ, но тоа што се случи во 2009 година беше своевиден рекорд од постоењето на клиниката: примивме 66 пациенти со алкохолно труење! Kлиниката заличуваше на бојно поле, цела ноќ, дури и пред полноќ, речиси на секои 15 минути ни ги носеа затруените со алкохол. Во последните две години, за среќа, има опаѓање на бројот на затруени кои се јавуваат кај нас, во 2010 година имаше само 15 труења, а слично беше и лани, изјави тогаш д-р Андон Чибишев, тогашен директор на Kлиниката за токсикологија за весникот Дневник.

Скопјанец изел цело прасе и за малку ќе завршел на операција

И со консумирање на храната да не се претерува за време на новогодишната ноќ, советуваат токсиколозите.

– За време на новогодишното дежурство пред две години ни донесоа скопјанец кој, замислете, изел цело прасе зашто „било многу вкусно“! Пациентот се виткаше од силни болки поради панкреатитис – акутна состојба при која е воспален панкреасот, која исто така може да заврши со фатален исход бидејќи е една од најургентните состојби во интерна медицина. Шеташе од кај нас на хирургија, за малку ќе завршеше на операција. Затоа сите, и децата и возрасните, а особено хронично болните и постари лица, треба да внимаваат и на јадењето за време на празниците, изјави тогаш д-р Чибишев за Дневник. (30.11.2011)

Од токсикологија раскажуваа дека со симптоми на алкохолно труење примаат дури и деца помлади од 14 години, што е исклучително опасна состојба по нив, зашто може да предизвика моментална смрт поради нарушена работа на срцето. Тие советуваат: луѓето што се во близина на лицата што претерале со алкохол да не се обидуваат да ги трезнат давајќи им да пијат топла вода, за да го исперат желудникот, туку веднаш да ги донесат на Kлиниката за токсикологија.

– Нестручни лица да не се обидуваат да им помогнат на затруените со алкохол, зашто може да предизвикаат посериозна состојба, лицето да се задуши при повраќање. Симптомите на алкохолно труење се драматични: лицето превртува со очи, повраќа, лошо се чувствува – предупредува д-р Чибишев. (извор весник Дневник 30.11.2011).

Низ македонскиот интернет простор, може да се најде и насловна од весникот вест од 13-ти јануари 2013-та година, на истата тематика. Имено, тогаш еден граѓанин изел цело прасе за Нова година и се онесвестил.