Министерството за внатрешни работи соопштува дека едно лице е уапсено откако било осомничено дека извршил кражба на бензинска станица во Скопје.
„Денеска (10.03.2022 година) во 01:50 часот кај студентскиот дом во општина Гази Баба од слобода е лишен Е.Б. (41) од Скопје. Тој е осомничен дека околу 1:30 часот извршил тешка кражба на бензинска пумпа во истиот простор, оштетувајќи го стаклото од влезната врата, од каде одзел неколку производи“, се вели во соопштението на МВР.
Од МВР додаваат дека одземените предмети му се вратени на сопственикот.