Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба О.С.(50) од Скопје додека возел велосипед му се слошило и паднал.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.