Скопјанец е пронајден мртов во Охрид, иако била повикана помош немало можности да му се помогне.
Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, во 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на место викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат А.И.(47) од Скопје.
– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид – посочуваат од МВР, но сепак додаваат дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.