СКОПЈАНКА ВО ШОК ОТКАКО ЈА ДОБИЛА СМЕТКАТА ОД ЕВН: Во наредните шест месеци нема ништо да јадеме, ќе си умреме само зашто се грееме на струја!
„Ја гледам сметкава и не им верувам на очиве, си викам ова нуливе на крај мора да ми се причинуваат.
Ф-ра за ел. енергија од 148.000 ден. или 2500 евра само затоа што си се греел на струја, а тоа значи, според Таче, си се луксузирал“, реагира наша сограѓанка на сметката која е за четири месеци збирно, така што во просек доаѓа дека треба да плати по 36 000 денари месечно.
Но ако се земе во предвид дека во септември и октомври не се грееше, а во ноември тоа беше минимално, излегува дека за декември треба потрошила струја во вредност од над 50-тина илјади денари што е навистина претерано, но очигледно навлегла во четвртата тарифа – над 1000 кв каде цената на киловат час е фантастиччни 16 денари без ДДВ, па ова е епилогот. А базен, очигледно нема зашто тврди дека има 5000 евра плата, така што ја побива тезата на Таче дека четвртата тарифа е заради луксузирање. Уште повеќе што во коментари на својата објава, скопјаната објаснува дека за септември, октомрви и ноември плаќала паушал од по 16 000 денари, па затоа на сметката има порамнување кога од 160 000 денари за мецес декември и одбиле 12 000 кои отповеќе ги платила за тие три месеци. Што значи дека таа само за декември треба да плати над 140 000 денари.
Во својата реакција таа понатаму истакнува:
„А за кражбата да биде уште поголема, пренос и дистрибуција на ел. енергија 38.809 и ДДВ 24.427, што не е ел. енергија.
Дали мислите дека ова е нормално?
Димитар Ковачевски, како е можно лани ова време сметката да не е поголема од 30.000 ден. а само по една година сметката да е за пет пати зголемена?! Иста куќа, исто греење, сѐ е исто. Сега се чудам како да се плати сметкава со 500 евра плата. Значи во наредни 6 месеци платата ќе оди за ЕВН. Ама, па, тоа не е проблем, 6 месеци нема да јадеме ништо, нема да купуваме ништо, едноставно нема да живееме, или просто кажано, ќе си умреме, зашто оваа Влада масовно нѐ убива со нејзините штетни и погубни политики.
За да ми биде уште “полесно”, како што ми кажаа од ЕВН, и сметката за јануари ќе ми биде иста ваква. Е сега останува да размислам и да одлучам што да продадам во вредност од 5000 евра за да им ги дадам на ЕВН, бидејќи нели мора да се плати струјата по новите цени и тарифни блокови.
А за тие што не знаат, 3тиот и 4тиот блок нѝ го пресметуват по цена повисока од индустриската, иако се работи за потрошувачка во домаќинство.
И за крај, никако не смееме да ја заборавиме субвенцијата од Владата 91,51%, значи сум потрошила 5000 евра електрична енергија за месец декември со некое порамнување зашто не дошол никој да прочита струјомер.
Ти благодарам Димитар Ковачевски за “прекрасниот живот” во нашава Македонија“, истакнува нашата сограѓанка.