Граѓаните од најголем дел во општините од десната страна на Вардар, од кружниот тек во Ѓорче Петров па се до Зелениково, од утре од 22 часот ќе останат без вода, поради најавениот зафат околу санација на главниот цевковод.

Според информаците од ЈП Водовод и Канализација , вода ќе имаат населбите од левата страна на реката Вардар, со исклучок на делови од Автокоманда. Во реоните кои ќе останат без вода се и неколку болници, трговски центри, хотели, кафулиља, ресторани и продавници… комората на угостители апелира надлежните да ја завршат санацијата во разумен рок, бидејќи прекинот се случува во сезона кога имаат полни раце работа

– Ако трае со денови, тогаш ќе биде сериозен удар врз угостителите, врз хотелите, врз целокупното туристичко стопанство. Зошто? Бидејки сега угостителите печалат пари за после во јануари, февруари затоа ако трае повеќе од 1 ден да го одложат за после Нова година за да нема проблеми,- Аркан Керим – претседател на туристичко-угостителска комора.

Од водовод официјално нема прецизна информација до кога ќе трае санацијата но велат доколку се биде по планот, граѓаните ќе добијат вода најдоцна до недела

Претходно потсетија и дека доколку прекинот трае повеќе од 24 часа, праксата е граѓаните да бидат снабдени со питка вода од цистерни. И граѓаните кои ги анкетиравме побараа од надлежните проблемот да се реши што поскоро и кажаа дека веќе се снабдиле со залихи од вода.

– Да снабдени сме, не знам како им се плановите со вода стварно ние сме снабдени, обезбедени. Да бидат снабдени граѓаните, пошто на време се бара да се платат сметките треба и да има услуги.

– Не требаше да се чека 2 недели да тече вода во Карпош. Па вода се снабдивме има, прибравме да имаме за ВЦ најмногу, за пиење има.

-Се снабдивме, па не е тоа многу време ќе издржиме ќе се снајдеме нема проблем само да се исправат работите.

Во клиниките приоритет ќе се дава на итните и животозагрозувачки случаи , а веќе се откажани дел од хируршките интервенции. Од Министерството за здравство информираа дека греењето ќе биде со намален интензитет, а за сите хигиенски потреби ќе се користат претходно подготвени залихи.