Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, утрово бил вербално нападнат од револтиран граѓанин кој во просториите на општината дивеел, навредувал и директно му се заканувал, дознава „24 Инфо“.

Ситуацијата била на раб да прејде и во физичко насилство но присутните успеале да спречат ескалација.

Дека се случил инцидент потврдуваат и од МВР од каде велат дека по пријава припадници на полицијата стигнале во зградата на општината, но во меѓувреме лицето си заминало од просториите на општината.