Најнова анализа на метео прогнозерот Славчо Попоски:
Најновото ажурирање на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) црта голем снежен бран и продор на многу поладен воздух од Арктикот кон Македонија, и тоа за време на викендот.
Во најголем дел од Македонија ќе има обилни врнежи претежно од снег, но најпрвин на пониските места ќе бидат од дожд, и истите полека речиси насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег.
Со овој ладен и снежен бран, секако снег ќе донесе и во Скопскиот регион.
Како што можете да погледнете на Метеоролошката карта, на планините и Скијачките центри се очекува нов снег со висина од 50 па дури до еден метар. Значителна снежна покривка ќе се формира и во повеќе градови од Македонија.
НАПОМЕНА: Промени и варирања на прогностичкиот модел околу очекувањето на висината на снежната покривка за време на викендот се сеуште можни, со што нови метео информации токму околу овој снежен бран следуваат во следните објави.
Извор: Метео аларм/Славчо Попоски