До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во југоисточните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 25 до 31 степен.

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта кон утрешниот ден облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд, особено во јужните предели. Утре времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд.

Локално и тоа особено во јужните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд и локална појава на грмежи, како и со засилување на ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Во овие предели локално ќе наврнат над 15 л/м2 воден талог за релативно кратко време. Температурата утре ќе биде пониска во споредба со денешната за пет до шест степени и максималната ќе се искачува во интервалот од 18 до 25 степени.

Повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи ќе има и во понеделник, додека од вторник следува период на стабилно и суво време а температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Скопскиот регион услови за повремен локален дожд и ретки грмежи ќе има утре и во понеделник, додека од вторник следува период на претежно стабилно и суво време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 26 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски.