Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифунов, се огласи на Фејсбук, откако беше обелоденето дека пејачот Ламбе Алабаковски е осомничен за палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
„Стана јасно кој е пироманот кој го запалил бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Станува збор за 34-годишен пејач по име Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото. Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат фотографии со пораки: „И јас сум Ламбе Алабаковски! Beе ѕuіѕ Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот“.
Сега, од сета оваа гнасна историја, Северномакедонците, ако се паметни, сепак можат да извлечат сериозна лекција. Ќе ви кажам што е таа. Ламбе во раните утрински часови на 4 јуни отишол пред Бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“, и предизвикал пожар. Пожарот избувнал толку брзо што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас се палите самите себеси“, напиша Трифунов на својот Фејсбук профилот.