Работа во ЕУ со плата до 3500 евра. Со ваква понуда, словенечките фирми се обидуваат да го привлечат квалификуваниот кадар од Македонија. Се нудат работни места за доктори, медицински сестри, возачи, градежници. Словенечките работодавци велат дека во Македонија има соодветен кадар и голем интерес за работа.

„Само минатата година баравме повеќе од 5000 работници. Најмногу ни се потребни кадри од здравството, транспортот, производството, туризамот“, рече Санди Мике, од заводот за вработување во Р. Словенија.

„Сега за десет месеци се издадени 3600 единствени дозволи за работници од Македонија. Tаква е состојбата во целата Европска Унија поради негативните демографски трендови“, изјави Анка Роде од Заводот за вработување во Р. Словенија.

„Ние доаѓаме со голема почит, до вашата земја и вашите луѓе. Ние веќе имаме експерти од вашата земја, имаме гинеколози, педијатри и тие се многу љубезни и големи професионалци и ги сакаме.“, изјави Хелена Блажун Вошнар од Дом за здравство во Марибор“, изјави Хелена Блажун Вошнер, помошник директор на Здравствен дом Марибор.

Интересот за работа во Словенија е голем, а понудите примамливи. Граѓаните кои ги затекнавме на саемот, велат дека се заинтересирани за заминување пред се зради условите за работа и повисоките плати.

Освен за работа, се нудат можности и за дообразование, обуки и специјализации, а се води сметка и за оние кои сакаат да се преселат со семејствата.

„Минатата година имаме 15 македонски возачи, сега имаме потреба за уште десет. Кај нас е 100 евра дневница, плата излегува од 3000 до 3800. Имаме и за сместување, имаме каде возачот може да се истушра кујна, да си зготви, имаме контејнери за спиење имаме смештај“, рече Игор Стојчевски од „Стелетранс“.

Поради демографските прилики, Словенија има недостатокот на работници во државата, па преку овие саеми, тие имаат за цел да тоа да го надминат со квалитетни кадри од регионот. Инаку на овогодинешните настани за вработување „Живот и работа во Словенија“, кои ќе се одржат до 4 декември во Скопје, Штип и Прилеп, ќе се претстават 22 компании и јавни институции од Словенија кои заедно вработуваат преку 17.000 работници.