Италијанскиот голман Луиџи Сепе се најде во центарот на вниманието на светската јавност кон крајот на минатата сезона во Серија А. Голманот на Салернитана заработи страшна повреда на окото на натпреварот против Венеција и ги остави сите гледачи во шок кога го видоа одблиску неговото око.

Салернитана играше против Венеција на 5 мај, а во 64. минута Сепе побара да го напушти теренот бидејќи не можеше да гледа по еден дуел.

Неговото око изгледаше морничаво и се очекуваше да биде отсутен некое време. Сепак, само три дена подоцна тој повторно се најде на теренот.

Имено, на екипата од Салерно и „гореше под нозе“ и секој натпревар им беше важен за опстанокот во елитното италијанско првенство, па Сепе реши и покрај практично црното око, сепак да биде меѓу стативите против Каљари на 8 мај.

Судбината не му беше наклонета и тој прими гол во деветтата минута од судиското надополнување, па Салернитана одигра 1:1 и испушти победа која речиси сигурно ќе му го обезбедеше опстанокот.

Работата да биде уште полоша, многумина се на мислење дека Сепе можеше подобро да реагира во 99. минута од натпреварот. Секако, на својот тим му посакуваше само добро …

Сепак, на крајот тимот од Салерно остана во лигата, а Луиџи Сепе важи за еден од хероите на сезоната.