Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, како и секој Аргентинец, бил голем љубител на фудбалот и на клубот Сан Лоренцо, а сега е откриено дека неговата членска книшка го предвидела времето на неговата смрт!

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо, почина во понеделник наутро на 88-годишна возраст. Познато е дека тој го обожавал фудбалот, а уште од детството бил верен навивач на Сан Лоренцо, еден од петте најголеми клубови во Аргентина.

Папата имал и членска книшка на споменатиот клуб, а сега таа исплива во јавноста и откри необична симболика која раскажува за времето на неговата смрт.

Имено, тој имал членска книшка со број 88235. Иако на прв поглед изгледа како многу обична бројка, набрзо е откриено неверојатно значење.

Токму, бројките кои се наоѓаат во членската книшка.

Претседателот на клубот Сан Лоренцо, Марсело Морети ја потврди автентичноста на членската книшка на папата Франциск.

– Кога го видовме, никој не можеше да поверува. Броевите се совпаѓаат со совршена точност. Неверојатно е да се случи такво нешто. Верувале или не – оставаме секој да избере – изјави Морети за шпанското радио „El Partidazo de Cope“.

Случајност или судбина, но овој неверојатен детал ги остави во шок верниците ширум светот, кои тагуваат по смртта на папата Франциск.

На 88-годишна возраст, Папата почина во 02:35 часот по аргентинско време, односно во 7:35 часот по Ватикан.