На социјалните мрежи се разви расправа со споредба на приходите на Србите кои живеат и работат во Германија и платата што ја имаат во матичната земја. Ваквата ситуација секако е многу слична и со македонските граѓани кои во се поголем број одат во Германија во борбата за подобар живот и подобри примања. Додека многумина тврдат дека во туѓина е полесно да се дојде до големи пари и сигурност за семејството, има многу спротивставени коментари дека исто толку добро можете да заработите и во земјите на Балканот, како Македонија и Србија на пример. Само, треба да ја изберете вистинската професија која се бара.
Дискусијата ја започна објавата на еден човек од овие простори кој живее во Германија:
– Гледам и слушам понуди за работа во Германија, навистина ми доаѓа да се смеам, луѓе, занаетчија (мајстор) што заработува пари и работи многу видови на работа не може да има 2000 или 2200 евра бруто плата во Германија, како вие не го разбирате тоа. Па јас тие пари како мајстор, можам да ги заработам во Србија, дали сте нормални луѓе – стои во објавата.
„Живеам многу подобро во Србија“
Бидејќи ова прашање е секогаш „жешко“ за нашето поднебје, објавата имаше над 300 коментари, а ова се некои од нив.
– Да знаев дека овде е вака, никогаш немаше да дојдам. Луѓето се на заеми (кредити), само работата не е како кај нас каде кафичите се полни сред бел ден, не дај боже да бидеш без работа еден месец – ќе останеш на улица, па кирија, струја, кола.
– Во Србија, ако си мајстор во својот занает, можеш добро да го наплатиш тоа. Еве го нашиот пример. Мајсторите бараат 27 евра за квадрат за да го преправат покривот. За лепење на плочките, плочкарот бара од 10 евра до 15 евра за квадрат. Кречење 1,5 евра. Гипс 10 евра. Фасада 3 евра. Се разбира, оваа работа е двојно поскапа поскапи во Германија, но и овде овој вид на работа е многу профитабилен, стои во еден од коментарите.
– Не може некој што со цигли градел штали на село во Србија да оди во Германија и да каже „јас сум занаетчија“. Занаетчија во Германија треба да знае да чита план, да зборува германски и да знае да гради блокови со мини дигалка, тој е занаетчија и може да очекува нето плата од 2200-2500€ додека сместувањето го плаќаат неговите работодавци. Помошник може да очекува околу 1.700 евра нето, јазикот не е задолжителен, исто така со обезбедено сместување. Можеш да ги добиеш тие бројки 3000-4000€ нето ако си градежен инженер со диплома. Па немојте да „млатите“ глупости, во Србија занаетчиите работат за дневница од 50 евра, тоа се околу 1000 евра месечно, се друго се лаги и заблуди.