Градоначалникот Смилевски вели дека биле блиски со Камер Идризи. За „А1он“ вели дека не знае за неговиот бизнис, ниту разговарал за тоа. Се дружеле, вели Смилевски, а за разлика од коментарите во јавноста каде Идризи е преставен како „лице познато на полицијата“, градоначалникот тврди дека не го познава како таков.

„Тој ми е комшија, кој што е две години помал од мене. Со брат му сум генерација, заедно учевме во основно училиште, се дружевме. Така што, некои работи не можеш да ги бираш. Тоа е тоа. Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно, вели Смилевски.

Тој додава дека Идризи го знаел многу поразлично, му бил другар цел живот, „помал е, сум го сакал, сум го дружел“.

-Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари, додава Смилевски.

Според градоначалникот, секој има своја приказна, а тој не видел ништо лошо од Камер.

– Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред, вели Смилевски.